Skip Navigation Links
ПРЕБАРУВАЊЕ
Дел од називот:
Категорија:
Бренд:
   
 
 
 
КАТЕГОРИИ
Skip Navigation Links
 
БРЕНДОВИ
Skip Navigation Links
 
Услови за рати
 

Договор за одложено плаќање склучен со МедиаНет

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ 

Намена на договорот

Договорот важи исклучиво за купување на производи од МедиаНет компјутерс - Кочани

Износ

Од 3.000 до 60.000 МКД

Пресметка на рати

Отплаќањето може да се врши од 2 до 6 рати при што пресметката се врши на следниот начин: 

1.     На 2 рати, се пресметува 2% камата

2.     На 3 рати, се пресметува 2,5% камата

3.     На 4 рати, се пресметува 3% камата

4.     На 5 рати, се пресметува 3,5% камата

5.     На 6 рати, се пресметува 4% камата

Начин на Отплата

Минимален износ на месечната рата е 500 МКД

Плаќањето на ратите може да се врши:

·         Во просториите на МедиаНет

·         Со уплата на Жиросметката на МедиаНет наведена во фактурата, при што задолжително е потребно да се наведе бројот на ф-рата и бројот на ратата која се отплаќа

 Целосна предвремена отплата е дозволена во секое време без провизија

Критериуми за продажба на рати

·         Физички лица, Државјани на Р.М. 

·         Минимални нето пријавени месечни примања од 8050 денари

·         Максимален месечен ануитет 35% од износот на месечните примања

Потребни документи за купувачот

1.     Фотокопија од лична карта или пасош

2.     Извод од тековна сметка за последните 3 месеци

3.     Потврда за редовно вработување, заверена  и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена)

Потребни документи за продажбата

1.     Потпишан Договор за одложено плаќање  (2 копии)

2.     Фактура за продажба на производите, потпишана  и заверена со печат

3.     Испратница за преземање на производите, потпишана  и заверена со печат

4.     Гаранција за производите

 


Кредит преку Стопанска Банка

Наменски потрошувачки кредит преку трговци

Намена на кредитот

Кредитот се одобрува исклучиво за купување на производи од соодветно продажно место

Износ

  • Од 12.000 до 300.000 МКД

Валута

  • Денарски кредит

Каматна стапка

(Годишна)

  • 11,50%

СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медиуми

Рок на отплата

  • Од 6 до 48 месеци (4 години) - За кредити до 30.000 МКД
  • Од 6 до 72 месеци (6 години) - За кредити над 30.000 МКД

Исплата

Исплата се врши на трансакциска сметка на Продавачот од кој се купува соодветниот производ или услуга

Месечна отплата

Еднакви месечни ануитети (минимален износ на месечен ануитет 599 МКД)

За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:

  • со траен налог
  • преку е-банкинг системот на СБ
  • телефонско банкарство на СБ
  • преку банкоматите на СБ

Без трошоци за предвремена отплата

Трошоци

Административни трошоци од 1.000 МКД, еднократно при одобрување на кредитот

Критериуми за кредит

  • Физички лица, Државјани на Р.М.
  • Минимален нето приход од 97.200 МКД годишно или 8.100 МКД месечно
  • Максимален месечен ануитет:
    • 45% во однос на месечни примања за клиенти со плата во СБ
    • 40% во однос на месечни примања за останати клиенти
  • Возраст на клиентот од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата

Потребни - документи

*1. Потпишана Апликација и Договор за наменски кредит (2 копии)
*2. Фотокопија од лична карта или пасош
*3. -За клиенти кои земаат плата во СБ: потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци.

- За сите останати клиенти: Чек од пензија / потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 2 месеци.

4. Фотокопија од последна платена сметка за комуналии на пр. струја, телефон, вода или парно (не се однесува на клиенти со плата/пензија во СБ)
5. Оригинална Про-фактура од продавачот за продажба на производите, потпишана и заверена со печат
*6. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје

*Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели

МОЈА КОШНИЧКА
(0) Производи во Кошничката
 
 
НАЈНОВ ФЛАЕР
 
ПРАТИ ПОРАКА
Име:
E-mail:
Телефон:
Опис:
 
FACEBOOK
 
     
   
Почетна | Маркет | Софтвер | Услуги | За Нас | Контакт
© МедиаНет компјутерс ДООЕЛ, Кочани